~
Адвокатското Друштво Поленак даде правна поддршка на DROGA-KOLINSKA во процесот за преземање на Словин Југококта АД Скопје, завршен во Март 2006 година.
~
Во 2006 година ние асистиравме на Европската Банка за Обнова и Развој во давањето на заем од 55.000.000 Евра на Тутунска Банка АД Скопје.
~
Во 2006 нашето друштво асистираше на Standard Bank plc. во кредитниот аранжман до US$35,000,000 со кој се дава заем на компании поврзани со домашен производител на метал.
~
Ние дававме домашна правна помош на Pozavarovalnica SAVA Re во процесот за преземање на осигурителната компанија ТАБАК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, завршено во Декември 2006 година.
~
Во име на нашите клиенти, во 2006 година ние имаме земено учество на неколку тендерски постапки, како на пример во јавната набавка на електрична енергија од страна на Електростопанство на Македонија АД Скопје за сметка на ISTRABENZ-GORENJE д.o.o. Љубљана или во тендерските постапки за продажба на имот во ликвидација на друштва.
~
Ние помагавме на Makedonski Telekomunikacii во купувањето на сопствени акции во 2006 година.
Во 2006 година, ние помагавме на Depfa Bank во давањето на заем од 41.000.000 Евра на македонска компанија за производство на енергија.
~
Постапката на издавање на македонските Еврообврзници во 2005 година, во која работевме како локален правен советник за Citygroup, претставува една од најголемите трансакции на државата на светските пазари на капитал.
~
Ние асистиравме на European Bank for Reconstruction and Development во давањето на заем од 20.000.000 Евра на Тутунска Банка АД Скопје, што заврши во Декември 2004.
~
Во 2005 година, ние учествувавме во изготвувањето на извештајот за корпоративно управување и банкарско корпоративно управување за Светската Банка.
~
Како еден од правните советници ангажирани од групата на компании на Kometal, во 2003 година учествувавме во подготовката на продажбата на мнозинскиот удел во дневните весници Утрински Весник и Дневник на зависно друштво на WestDeutsche Allgemeine Zeitung.
~
Адвокатското Друштво Поленак е единствено адвокатското друштво во Република Македонија што ја имаше можноста да учествува како правен советник во основањето на две банки - Еуростандард Банка АД Скопје во 2001 и Про Кредит Банка АД Скопје
во 2003. Овие задолженија вклучуваа подготовка
на потребната правна документација за издавање
на дозволите и лиценците од страна на Народната
Банка на Република Македонија и, во случајот на
Про Кредит Банка АД Скопје, регистрација во
Трговскиот Регистар.
~
Во 2002 година, Адвокатското Друштво Поленак работеше како правен советник на акционерите во основањето на осигурително друштво Eуролинк AД Скопје. Задачите се состоеја од подготовка на потребната документација за добивање на дозвола од Министерството за Финансии и сите корпоративни документи на друштвото.
~
Адвокатското Друштво Поленак работеше како локален правен советник на Македонски Телекомуникации во трансакцијата за стекнување на 51% од страна на конзорциумот предводен од Magyar Tavkozlesi Reszvenytarsasag (Hungarian Telecommunications Company Limited) во 2000/2001. Работата вклучуваше преглед и коментари на трансакционите документи (договорот за купопродажба, акционерскиот договор, договорот за услуги, договорот за залог итн.), како и подготовка на управни акти, подготовка на актите на собранието и на одборот на директори на Телеком (корпоративни документи), подготовка на документи за Антимонополската Комисија (правила за контрола на спојувањата), прегледување на тендерските правила и нивно усогласување со учесниците на тендерот. Оваа трансакција претставува најголемата странска инвестиција во Република Македонија. Не долго по оваа трансакција, и како услов предвиден со трансакционите документи, ја подготивме документацијата (статутот и неопходните одлуки) и ги презедовме сите правни активности за издвојување на мобилните телекомуникациски операции од фиксните телекомуникациски операции и го регистриравме Мобимак АД Скопје како прв мобилен телекомуникациски оператор во државата.
~
Ние работевме за FHL Kiriakidis Marbles SA од Грција, во преземањето на Мермерен Комбинат АД Прилеп во 2001 година. Нашата работа се состоеше од совети за преземање преку берзата на хартии од вредност. Во 2003, Адвокатското Друштво Поленак му асистираше на ФХЛ Мермерен Комбинат АД во котирањето на неговите потврди за депозит (GDR) на Атинската Берза на хартии од вредност. Ова е сеуште единствено котирање на македонско друштво во странство.
~
Адвокатското Друштво Поленак работеше како локален правен советник за Eвропската Банка за Обнова и Развој и Меѓународната Финансиска Корпорација во стекнувањето на акции во Стопанска Банка АД Скопје во 2000 година. Задачите вклучуваа преглед и коментари на договорот за купопродажба на акции, договорот за запишување на акции, и подготовка на серија други договори и корпоративни документи вклучувајќи подготовка на акционерски договор. Ова преземање за речиси 45 милиони Евра, водено од Националната Банка на Грција, е досега најголемото преземање на банка во Република Македонија.
~
Друштвото работеше како правен советник на Европската Банка за Обнова и Развој во процесот на претприватизација на Електростопанство на Македонија. Ова беше исклучително сложена трансакција, со одложено купување на акции.
~
Како еден од нашите пионерски правни проекти во Република Македонија, бевме ангажирани во создавањето на првото македонско лизинг друштво НЛБ Лизинг, членка на NLB Group. Веднаш по донесувањето на Законот за Лизинг, ги подготвивме потребните документи за лизинг операциите на нашиот клиент, вклучувајќи Договор за Лизинг, Оперативен Лизинг и модифициран Договор за Финансирање На Лизинг Со Откуп.
~
Во 1999 година, Адвокатското Друштво Поленак ги советуваше продавачите на акции во Кредитна Банка АД Скопје во купување на мнозинскиот дел во оваа банка од страна на Alpha Credit Bank AG од Грција. Задолжението вклучуваше подготовка на договори за продажба на акции, совети за процесот на преземање и пренос на акции.
~
Во нашето работење како постојан правен советник на АД Алкалоид Скопје, најголемото фармацевтско друштво во државата, во 1999 година адвокатите на Адвокатското Друштво Поленак учествуваа во трансакцијата на конвертибилен заем во износ од 17,4 милиони Евра помеѓу Алкалоид и Европската Банка за Обнова и Развој и Меѓународната Финансиска Корпорација како заемодавачи. Нашата работа се состоеше во преговори, преглед на трансакциони документи (договори за заем, акционерски договор, договори за put опција, договори за залог и хипотека, договор за заложна сметка, пренос на осигурителни полиси), како и подготовка на актите и одлуките на друштвото. Во трансакцијата, заемопримачот издаде конвертибилни обврзници како гаранција за заемот. Ние ги структуиравме корпоративните дејствија и асистиравме во добивањето на одобренијата од Комисијата за хартии од вредност.
~
Адвокатското Друштво Поленак беше ангажирано од страна на Duferco SA од Лугано, Швајцарија за стекнување на мнозински удел во Maкстил AД Скопје (Челичаната во Скопје) во Септември 1997. Во трансакцијата изработивме длабинска правна анализа на друштвото и заедно со интерните правници на Duferco, ги подготивме трансакционите документи - договорот за купопродажба на акции, договори за асигнација и договори за заложна сметка со трите продавачи. По трансакцијата, продолживме да работиме за Duferco SA и Макстил АД како постојан надворешен советник.
~
Адвокатското Друштво Поленак има работено како локален правен советник на Меѓународната Финансиска Корпорација во давањето заеми на четири македонски трговски друштва: Тетекс АД Тетово (1996), Македонија турист АД Скопје (1998), Никол Ферт ДОО Дојран (1997) и Машиномонт ДОО Скопје (1997), и сите потребни активности во врска со запишувањето на обезбедувањата на побарувањата во релевантните регистри. И покрај тоа што проектите беа водени со екстремно внимание, два од заемопримачите паднаа во задоцнување и во 2003 година бевме ангажирани од страна на Меѓународната Финансиска Корпорација да го спроведеме извршувањето на обезбедувањето врз имотот на Никол Ферт ДОО Дојран и Машиномонт ДОО Скопје. Ние ги реализиравме залозите и хипотеките врз двете друштва во рок од четири месеци од датумот на почнувањето на процедурата. Извршувањето, и покрај тоа што другите доверители правеа многу опструкции, беше спроведено и нашиот клиент ги прими средствата. Активностите се состоеја од извршување по пат на продажба на имотот преку соодветна нотарска процедура за реализација. Оваа реализација особено ја покажува нашата определба да им служиме на интересите на клиентите како наше основно правило.
~
Во 1996 година Адвокатското Друштво Поленак настапи како локален правен советник за Eвропската Банка за Обнова и Развој во стекнување на акции во Комерцијална Банка АД Скопје. Задолжението вклучуваше преглед и коментари на договори за купопродажба на акции, договор за запишување на акции, преглед на корпоративните документи на Комерцијална Банка и давање на правно мислење на прегледаните документи.
~
Во текот на нашето работење бевме први адвокати ангажирани во постапка пред Монополската Управа. Во постапката поведена од страна на Македонија Табак 2000 ДОО ги застапувавме Philip Morris Скопје и неговите дистрибутери. Се одржаа две сослушувања а ние дадовме суштествени процесни приговори и материјални докази што предизвика барателот да се повлече.
~
Процесот на преземање на Поштенска Банка од страна на ING Group., работата за акционерите на Комерцијална Банка во постапката за продажба на мнозинскиот пакет на акции, обидот за склучување на партнерски договор со Република Македонија за Канадските Пошти, иако не завршија со успешна зделка, заземаат значително место во нашето искуство. |